Гвардиола конечно објасни зошто го игнорира Туре: Нема да заигра се додека…

Дерби

20/09/2016

20:00

3.823

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола го прецрта Јаја Туре од својот список на фудбалери на кое ќе смета во Лигата на шампионите, но шпанскиот стручњак денеска посочи дека ценетиот играч од средниот ред нема да заигра за Манчестер Сити се додека не го „исчисти“ она што го остави зад себе неговиот агент.

Гвардиола го посочи агентот Димитри Селјок како главен виновник за ситуацијата со која со соочува Туре во овој момент, бидејќи во овој момент не само што нема да игра во Лигата на шампионите, туку воопшто не ни смета на Јаја за ниту еден натпревар кој му претстои на Сити во иднина.

– Тоа е одлука на Пеп и мора да се почитува. Ако Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите, тогаш ќе отпатувам во Англија и пред камерите ќе кажам дека Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Но, ако Сити не ја освои Лигата на шампионите, очекувам дека Пеп ќе има мади.. да признае дека направил грешка што понижи голем играч како Јаја, – гласи изјавата која ја даде Селјок пред извесно време, а која Пеп ја потенцира како голем пропуст кој му штети на Туре.

– Беше толку многу тешко за мене да го оставам Туре надвор од Лигата на шампионите. Добро го познавам него, тој е многу добра личност. Но, во овој момент тој е комплетно во аут од тимот. Тој е во аут од денот кога неговиот агент излезе со изјавата која излезе. Се додека не зборува и не се извини (мислејќи на агентот), тој нема да заигра за Сити, – јасно посочил Гвардиола на денешното соочување со англиските новинари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг