Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 20.09.2016 год., регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Овој земјотрес се случи во 15 часот и 56 минути, со Рихтерова локална магнитуда 2.4. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението.
Епицентарот е на 6 километри источно од Скопје, 5 километри западно од Аралиново и 5 километри јужно од Црешево, на длабочина од 1 километар.
Во вторник беше почувствуван уште еден земјотрес во Скопје, во 13.20 часот, но тој беше со јачина од 1.9 степени според Рихтер.