Дури 85 проценти од анкетираните припадници на Републиканската партија сметаат дека Путин "е моќен лидер", додека за претседателот Обама тоа мислење го имаат само 18 проценти од републиканците.
Според истражувањето кое го спровел
Economis, секој трет поддржувач на Трамп има позитивен став за Путин.
"Рускиот лидер е единствениот претседател на голема земја кој денес се истакнува и делува во интерес на својата земја", е суштинскиот став на оние кои го фалат политичкиот ангажман на Путин.
Некои републиканци од Флорида се восхитуваат на акциите на Путин во Сирија и неговата борба против екстремизмот во муслиманските републики во Русија.
Financial Times истакнува дека оваа промена на перцепцијата се случила во момент кога односите помеѓу Русија и САД се на најниско ниво од Студената војна.
Претходно анкетите од социолошкиот институт "Forsa" покажале дека многу поддржувачи на опозициските германски партии "Алтернатива за Германија" и "Левите" имаат повеќе доверба во Путин отколку во Ангела Меркел, нагласуваат западните портали.