Сè повеќе Американци му се восхитуваат на Путин: "Работи за својата земја и не сопира"

Точка

20/09/2016

18:30

5.719

Големина на фонт

а а а

Само 27 проценти од анкетираните Американци имале негативен став за рускиот претседател Владимир Путин, додека во претходното истражување тој број изнесувал 66 проценти, наведува весникот "Financial Times" и оценува дека Путин има сè повеќе поддржувачи во САД.

Дури 85 проценти од анкетираните припадници на Републиканската партија сметаат дека Путин "е моќен лидер", додека за претседателот Обама тоа мислење го имаат само 18 проценти од републиканците.

Според истражувањето кое го спровел Economis, секој трет поддржувач на Трамп има позитивен став за Путин.


"Рускиот лидер е единствениот претседател на голема земја кој денес се истакнува и делува во интерес на својата земја", е суштинскиот став на оние кои го фалат политичкиот ангажман на Путин.

Некои републиканци од Флорида се восхитуваат на акциите на Путин во Сирија и неговата борба против екстремизмот во муслиманските републики во Русија.


Financial Times истакнува дека оваа промена на перцепцијата се случила во момент кога односите помеѓу Русија и САД се на најниско ниво од Студената војна.

Претходно анкетите од социолошкиот институт "Forsa" покажале дека многу поддржувачи на опозициските германски партии "Алтернатива за Германија" и "Левите" имаат повеќе доверба во Путин отколку во Ангела Меркел, нагласуваат западните портали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг