Вучиќ итно се враќа во Србија: Српскиот премиер ја прекинува посетата на САД поради заканите за војна во Република Српска?

Точка

20/09/2016

17:13

6.644

Големина на фонт

а а а

По заканите за нова војна во БиХ, кој ги пратил воениот командант на Армијата на БиХ Сефер Халиловиќ, премиерот на Србија, Александар Вучиќ ја разгледува можноста да ја прекине посетата на САД и итно да се врати во Србија.

Како што дознаваме, Вучиќ веќе разговарал со претседателот на Србија и со раководителите на српските безбедносни служби за најновите закани кои доаѓаат од Сараево, а одлуката за враќањето ќе ја донесе вечер.

Како што било кажано во делегацијата на Србија во Њујорк, премиерот не ја исклучува можноста да се врати во земјата доколку така налага развојот на ситуацијата.

Генералот и началник на воениот штаб на Армијата на БиХ, Сефер Халиловиќ, се заканил со исчезнување на Република Српска доколку се спроведе референдум во РС. Тој тврди дека тоа ќе значи "расипување" на Дејтонскиот мировен договор и стапување на сила на Уставот на БиХ.


Дачиќ: Постои намера со војна да се уништи РС, референдумот е изговор

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ смета дека изјавата на Сефер Халиловиќ за уништување на Република Српска претставува најголема закана за мирот и стабилноста во регионот.

Дачиќ навел дека Халиловиќ не е само поранешен воен муслимански командант, туку и неофицијален портпарол на Бакир Изетбеговиќ.

"Халиловиќ го зборува тоа што Изетбеговиќ го мисли. Затоа неговите закани треба да се сфатат сериозно, бидејќи покажуваат дека постојат воени планови, кои се базираат на проценката дека Република Српска не може да издржи повеќе од 10-15 дена и дека ни Србија не може да ја одбрани. На сите им е јасно дека референдумот е само изговор, а дека зад сето тоа постои намера со војна да се уништи Република Српска. Да сакаа компромис, Уставниот суд можеше да промени барем една запирка во својата одлука. Но, на нив не им беше важен компромис, туку изговор за воени намери и планови, за што муслиманите во БиХ очигледно се подготвуваат", стои во соопштението на министерот за надворешни работи.


"Србија несомнено сака мир и ќе направи сè да ја сочува стабилноста, но нема да дозволи воен напад и уништување на Република Српска. За тоа никој не треба ни да сонува", нагласил Дачиќ.

Тој додал дека "Србија е доволно силна да се обрани сама, а дека нема дозволи ни уништување на Република Српска ако биде нападната".

"Очекуваме итна реакција на меѓународната заедница и меѓународните претставници во БиХ, ако навистина сакаат мир", заклучил Дачиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг