Халиловиќ: Можен е нов оружен конфликт во БиХ

Макфакс

20/09/2016

12:46

1.758

Големина на фонт

а а а

Воениот командант на Армијата на Босна и Херцеговина Сефер Халиловиќ оцени дека е можен нов оружен конфликт во БиХ доколку властите во Република Српска останат на намерата да спроведат референдум, најавен за 25 септември, и покрај забраната од страна на Уставниот суд на БиХ,

Во разговорот, што во понеделникот навечер го емитуваше комерцијалната сараевска телевизија ТВ1, Халиловиќ изјави дека со спроведувањето на референдумот претседателот на РС Милорад Додик „опасно се доближил до црвената линија“ која значи крај на Дејтонскиот договор.

Со референдумот, смета Халиловиќ, ќе се означи демонтирање на договорот со кој во 1995 година заврши три и полгодишната војна во БиХ, а со тоа воедно би настапила правна состојба каква што беше во сила претходно.

„Тогаш се враќаме на Република БиХ“, рече Халиловиќ, кој во периодот 1992 и 1993 година беше началник на генералштабот на Армијата на БиХ.

Разликата во однос на тогашното и сегашното време, како што истакнува, е тоа што повеќе ја нема ЈНА, а Србија не е во можност да ги помага босанските Срби како што тоа го правела во времето на Милошевиќ.

„РС, според сите параметри може да се одржи десет до 15 дена во некој конфликт“, оценува пензионираниот генерал.

Тој апелираше до Додик ако треба стотина години да преговара, отколку да војува, при тоа додавајќи дека во БиХ има доволно луѓе што повторно би војувале.


Спонзорирани линкови

Маркетинг