Гвардиола одговори со невообичаена реакција по шокантното прашање на новинарот

Дерби

19/09/2016

21:30

3.752

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола на пефектен начин ја започна својата авантура во англискиот фудбал, а дека неговите методи навистино влијаеја позитивно меѓу играчите на Сити најдобро говори фактот што тие освоија максимални 15 бода на првите пет одиграни меча во Премиер лигата.

Англиските медиуми и аналитичари не ги кријат импресиите од одличниот старт кој го има шпанскиот стручњак на Островот, но дел од нив натераа и една крајно невообичаена реакција на Гвардиола кој остана шокиран од прашањето кое го доби.

Пеп беше запрашан какви се шансите Сити да ги освои сите четири титули оваа сезона, а после необичната реакција при која ја употреби и стандардната англиска пцовка, Шпанецот даде реален оглед на оваа тема.

– Манчестер Сити има играно само еднаш во полуфинале на Лига на шампиони, па кога луѓето мислат дека јас ќе го освојам ова натпрварување поради тоа што сум навистина добар тренер, некако ми нема логика. Јас не верувам во тоа. Мојата среќа не зависи од тоа дали ќе ги освојам сите титули или не. Моја цел е да бидам среќен денеска, да се напијам чаша вино и од утре да се подготвувам за следниот натпревар. Секако дека ќе се обидеме да победиме на средбата во Лига купот, а за после тоа ќе видиме што не чека, – во свој стил појасни Гвардиола.




Спонзорирани линкови

Маркетинг