Гундоган: Гвардиола е генијалец

Точка

19/09/2016

18:10

1.596

Големина на фонт

а а а

Гундоган во летниот преоден рок ја напушти екипата на Борусија Дортмунд и се пресели во редовите на Манчестер Сити.

Германскиот репрезентативец се враќа во својата препознатлива форма, а за англиските медиуми направи споредба помеѓу неговиот поранешен тренер од Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, и неговиот актуелен тренер од Сити, Пеп Гвардиола.

„И двајцата се менаџери од светска класа. Не би било фер да кажам дека Јирген е поемотивен, но кога го гледате како ја проживува секоја минута покрај аут линијата, не е тешко да се сфати зошто Дортмунд имаше такви успеси со него“, изјави Гундоган и додаде:

„Пеп е подеднакво страствен, но на поинаков начин. Тој е повеќе како генијалец кој што ја чита играта и ја анализира секоја позиција на теренот. Нема менаџер како него и затоа тој веројатно е најдобар на светот“, истакна Германецот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг