Путин гласал за него: Во кого има доверба рускиот претседател

Точка

19/09/2016

12:45

3.121

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, гласал за професорот Дмитри Морозов, кој се кандидирал за пратеник во Државната дума во 209. округ за пратеник според мнозинскиот изборен систем, пишува "Комсомолјска Правда".

Новинарот на рускиот весник, кога рускиот претседател го ставал гласачкото ливче во проѕирната кутија, видел дека презимето "Морозов" било заокружено меѓу пратениците кои се бираат по мнозинскиот изборен систем.

Путин гласал на изборното место број 2.151 во зградата на Руската академија на науки во Москва, по што отишол на работа. Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија, на изборите во Русија води владејачката партија Единствена Русија.

Прв пат од 2003. година парламентарните избори во Русија биле изведени според двоен систем - 225 пратеници се бирани по пропорционален, а други 225 пратеници според мнозински изборен систем, во посебни изборни окрузи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг