Путин ја поздрави победата на "Единствена Русија" на изборите

Нетпрес

19/09/2016

09:07

896

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на владејачката партија "Единствена Русија" на вчера одржаните парламентарни избори.

– Веќе можам со увереност да кажам дека партијата постигна многу добар резултат: Таа победи, изјави Путин пред партиските активисти во изборниот штаб на „Единствена Русија“, во присуство на премиерот и лидерот на партијата Дмитриј Медведев.

Според него, Русите гласале за политичка стабилност на земјата.

– Ситуацијата е тешка и луѓето тоа го чувствуваат. Тие сакаат стабилност во општеството, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека народот е свесен дека „Единствена Русија“ навистина го прави она што е најдобро за него.


Спонзорирани линкови

Маркетинг