„Да ви објаснам што е војна“: Статусот на овој човек од Сараево вреди да се прочита!

Точка

02/09/2016

19:03

11.535

Големина на фонт

а а а

Статусот на Елдин Курбашиќ од Сараево кој е објавен вчера го привлече вниманието на луѓето од целиот регион.

Тој на својот профил на Фејсбук им испрати јасна порака на сите оние кои тензиите на Балканот ги гледаат како шанса за подгревање на старите нетрпеливости и повикуваат на насилство.

Курбашиќ ја прикажа суровата слика на војната, без украсување и изјавите на големите лидери од било која страна. Не пишувал за војната ниту од аголот на историјата, туку од искуството на обичниот човек фрлен меѓу крв, шрапнели и туѓи интереси.

Неговото „воено упатство за почетници“ ви го пренесуваме во продолжение.

„Војна за почетници“ (од аголот на војникот):

Бидејќи се крена врева од патриотите од сите видови, од сите ширини и должини, сите бои на партиски книшки и имотни картички, се повикува на војни, фронтови... Ред е да се сподели знаењето, чиста емпирија, ништо препишано.

- Родителите го гледаат ридот од прозорецот и тоа како го уништуваат илјадници гранати, а знаат дека ти си таму на акција. Додека го гледаат тоа, го молат Бог жив да се вратиш, па и по цена да останеш инвалид. Само да си жив.

- Не мора да те погоди куршум или шрапнел за да те убие во борбата. Те убива и детонацијата бидејќи од шокот ти пукаат органите. Првите симптоми се губење на свеста и повраќање крв.

- Се враќаш од акцијата на терен, па добиваш должност да одиш кај сопругата и мајката на твојот пријател и кај неговата двегодишна ќерка за да им кажеш дека нивинот сопруг, син, татко загинал. Препорачано е да имаш табла седативи со себе за веднаш да им дадеш, но тие прснуваат во плач веднаш кога ќе те видат со двајца пријатели, бидејќи сосема сигурно немаш насмевка на лицето. Тогаш задолжително се замислуваш неколку секунди и претпоставуваш како би реагирале твоите на таа ситуација.

- Размена на мртвите. Е, тоа е посебна дисциплина на психолошка тортура. Превртуваш 120 тела за да го најдеш телото на роднината. Не навлагам понатаму во детали.

- Имаш околу 10 секунди на пријателот да му го запреш шиштењето од белите дробови прободени од шрапнел (pneumotorax). Ако немаш завој, може да помогне и целофан од кутија цигари.

- Брзината на шрапнелот е околу 1 км во секунда, лета со неправилен пат околу сопствената оска, со неправилна форма од повеќеслоен одлив на метал, топлина од околу 200°C и го раскинува ткивото, коските, вените и артериите во дел од секунда.

- Глувчешка треска: Ако си во јама и си навикнал на стаорци со големина на мачка, додека лежиш и ги гледаш како одат по најлонот над тебе, на болеста која се нарекува глувчешка треска, а е многу честа појава кај војниците во ровови, твоите бубрези сигурно нема да се навикнат на неа.

- Зимзелените дрва пукаат сами од себе на температура од околу -17 степени Целзиусови, додека ти си на стража.

- Она кога од ургентно ве советуваат да се облекувате повеќеслојно, добива сосема друга димензија кога мораш еден месец, а некогаш и повеќе, да бидеш така облечен во кал до колена.

- Кога мораш мораш да ги занемариш хранливите вредности на маргаринот кој го добиваш на кришка леб за појадок и со него ги мачкаш твоите војнички чизми, бидејќи поважно ти е во снегот да имаш суви нозе во чизмите отколку полн стомак.

- Бајонет не се носи за да заколеш некого со него, туку да се закопаш во ледената и тврда земја на некоја чистина (во лудиот напад во кој те испратила командата во која седат хоштаплери) веднаш штом ќе те поклопи непријателската артилерија.

- Непријателскиот снајперист е поздодевен од било кој комарец.

- Оружјето секогаш мора да ти биде суво! Тоа нема водоотпорен сертификат како некои мобилни денеска.

- Напливот на адреналин кога те држат во карантин пред акција е константен и е околу 845 пати посилен отколку оној во моментите на твоето прво сексуално искуство.

Има уште многу работи, но мислам дека и ова е доволно за на сите вжештени глави кои посакуваат војна, да им порачам: Не посакувајте војни ако не сте подготвени вие и вашите синови да го поднесете сето ова и уште десет пати повеќе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг