Анима Мунди: Да им се помогне и на животните во поплавените подрачја

Макфакс

08/08/2016

12:52

754

Големина на фонт

а а а

Да им се помогне и на животните во поплавените подрачја, апелираат од Анима Мунди.

„Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во акција за спасување на настраданите животни сместувајќи ги на безбедно место, или да ги контактираат здруженијата давајќи точна информација за локацијата каде што животните се во опасност. (контакт 077 487 253, 077 487 255) Апелираме и да граѓаните кои ќе затекнат животно во опасност сторат се или некоја од овие постапки: најважно – да го ослободат(одврзат) животното, зошто доколку остане врзано, нема шанси да преживее; да се обидат да го сместат на безбедно, му дадат по можност храна и вода и да се побара помош.

Од Анима Мунди ги повикуваат граѓаните граѓаните да им доставуваат фотографии и информација за точната локација на заробените животни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг