Илинден го прославија и Македонците во Албанија

Макфакс

03/08/2016

12:36

827

Големина на фонт

а а а

Со бројни активности македонскиот нацинален празник 2-ри август – Илинден, беше прослевен и од Македонците во соседна Албанија.

Во организација на здружението на Македонците „Илинден“, со седиште во Тирана, прослави по повод Илинден се одржаа во албанската престолнина Тирана, како и областите Голо Брдо и Гора.

Претседателот на македонското здружение „Илинден“, Никола Ѓурѓај изјави за Макфакс дека на прославите учествувале голем број на Македонци.

Ѓурѓај притоа порача дека Македонците во Албанија сакаат стабилна Македонија, а од владата во Тирана предводена од Еди Рама ги бараат сите права што се гарантирани за малцинствата со меѓународните конвенции .

На сите средби со преставници на албанската влада но и со преставниците на меѓународниот фактор, Македонците во континуитет нагласуваат дека треба да ги уживаат сите права и во Албанија.

Централната прослава се одржа во вторникот вечерта на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец.

Покровителот, градоначалникот на општината, Едмонд Темелко, во своето обраќање рече дека идеалите на двата Илиндена и натаму се носител на стремежот на новите генерации, не само за продолжување на сонот на плејадата македонски дејци од Крушевската Република, преку АСНОМ до ден денешен, туку и за продолжување на битката за изградба на просперитетни, слободни и европски Македонци каде и да се во светот.

„Историјата на борбата за човекови права и граѓански слободи на Македонците во Албанија е долга и тешка. Иако нé има во цела Албанија, владата во Тирана сé уште нé признава само во областа Преспа. Се надеваме дека процесот на демократизација и на Република Албанија ќе овозможи да се унапредат положбата и правата и на Македонците, како и на Грците, Власите, Ромите, Србите, Црногорците и Египјаните“, рече Темелко.

И Македонците од Голо Брдо по традиција денот го одбележаа со посета на црквата „Свети Илија“ во селото Гиноец.

„Ние Македонците од двете конфесии од Голо Брдо, и сегашни и поранешни жители, како што тоа го правеле нашите предци со векови, бевме кај црквата и палиме свеќи за здравје. Тука остануваме со часови, се дружиме, играме, пееме. Црквата беше целосно разурната во времето на комунизмот, но на старите темели изградена е нова, со помош на нашинците надвор од Албанија а беше осветена првите години од 2004 година“, рече Или Халилај, претседател на огранокот на македонското друштво „Илинден“ за Голо Брдо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг