Грците го разоткрија Ердоган: Претседателскиот авион не беше следен од ловци

Макфакс

22/07/2016

16:47

3.365

Големина на фонт

а а а

Грчкото воено воздухопловство тврди дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во ниту еден момент не бил следен од воени авиони за време на државниот удар, како што тој изјави во неколку интервјуа по пучот.

Ердоган во едно интервју рече дека ја избегнал смртта за влакно, бидејќи го следеле воени ловци F-16 кои биле контролирани од пучистите.

„Грчките радари цело време го следеа летот на претседателскиот авион на Ердоган, сѐ до слетувањето во Истанбул“, ги пренесува грчката телевизија SKAI тврдењата од грчкото воздухопловство.

Според нивните тврдења, Ердоган во ниту еден момент не бил животно загрозен, ниту, пак, го следеле воени авиони.


Спонзорирани линкови

Маркетинг