Откриен планот: Што би било со Ердоган доколку успеел пучот?

Точка

21/07/2016

11:47

13.939

Големина на фонт

а а а

Организаторите на пучот во Турција планирале да го обвинат Реџеп Тајип Ердоган и неговите соработници за поддржување на тероризмот и преговорите со Работничката партија на Курдистан.

Тоа го јавиле турските медиуми повикувајќи се на документи кои ги открила полицијата, пренесува Russia Today.

Откриено е ѝ барањето да се започне судска постапка против турската влада. Тоа било пронајдено за време на претресот на канцеларијата на обвинителот Мехмет Села во Истанбул, кој бил притворен по неуспешниот државен удар.


Доколку пучистите успеале во намерата за рушење на режимот на Ердоган, би започнала истрага на основа на тоа што Ердоган и неговите соработници извршиле кривично дело помагање на вооружени терористички организации, така што ги игнорирале подготовките на терористички напад, наведува извор од турското обвинителство за агенцијата Анадолија.

Според барањето, кое не е потпишано, но е датирано на 2016. година, Ердоган и неговите соработници би биле кривично гонети поради "процесот на решавање" на курдското прашање во земјата.


Во документот кој е упатен до канцеларијата на главниот обвинител во Инеголу во Бурса, се обвинува турското раководство дека ја поддржува Работничката партија на Курдистан, која во Турција се смета за терористичка.

Најтешко се обвинети Ердоган, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, шефот на разузнавачката служба Хаан Фидан, поранешниот премиер Ахмет Давутоглу и поранешните заменици, а се товарат за спроведување на мировни разговори со водството на ПКК од 2009. до 2015. година.


Потсетуваме, режимот на Реџеп Ердоган, по неуспешниот пуч, сменил околу 50.000 луѓе. Како што навел Hurriyet, големите чистки се опфатени во министерствата за внатрешни работи, одбрана, образование, социјални прашања, финансии, како и кабинетот на премиерот.

Уапсени се неколку илјади луѓе, а турскиот претседател со денови споменува можно враќање на смртната казна која била укината во 2004. година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг