Светот на нозе: Ердоган најавил дека ќе соопшти важна одлука по седницата на Националниот одбор

Точка

20/07/2016

16:28

9.254

Големина на фонт

а а а

Седницата на Националниот совет за безбедност на Турција, со која претседава претседателот Реџеп Тајип Ердоган, почнала денес во Анкара.

Седницата почнала во Претседателството на Турција во Анкара, нешто по 13 часот по локално време.

Ердоган претходно најавил дека ќе соопшти важна одлука по седницата. Овој совет е највисокото советодавно тело за безбедносни прашања.


Во меѓувреме, отворена била истрага против сите воени судии внатре во военото судство кои делуваат при Министерството за одбрана на Турција. Во тие рамки од должност биле разрешени 262 судии и обвинители.

Во чистката која владата ја спроведува од неуспешниот пуч во петокот навечер, приведени, отпуштени или суспендирани биле повеќе од 50.000 луѓе. Турската влада отворила процес за повлекување на лиценци за 21.000 наставници во приватните училишта.


Државната агенција Анадолија јавила дека властите сметаат дека тие наставници се поврзани со Фетулах Гулен, кого го обвинуваат за организацијата на неуспешниот воен удар минатата седмица, кога биле убиени повеќе од 230 луѓе.

Гулен демантирал секаква поврзаност со пучот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг