Путин и Ердоган на почетокот на август ќе се сретнат во Русија

Нетпрес

20/07/2016

14:12

796

Големина на фонт

а а а

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, на почетокот на август ќе се сретнат во Русија, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува МИА.

Тие се договорија да се сретнат на почетокот на август во Руската Федерација, но градот и точниот датум сè уште се разгледуваат, рече Песков.

Според него, во моментов „преку дипломатски канали“ се работи на подготовка на состанокот.

Како што јави агенцијата ТАСС, Песков ги демантираше гласините дека средбата би можела да биде оддржана во Баку.

Не, тоа не е вистина. Во Баку ќе се одржи трилатерална средба на претседателите на Русија, Азербејџан и Иран, додаде тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг