Палата со свилени тапети и 1.000 соби: Како живеат Ердоган и неговата сопруга-купохоличарка?

Точка

20/07/2016

11:46

22.461

Големина на фонт

а а а

Сопругата на турскиот претседател, Емина Ердоган, тврди дека живее скромно, по стриктни муслимански вредности, но за неа може да заклучиме дека омилена забава е трошењето на пари...

Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга живеат во палата којашто чинела речиси 600 милиони евра и истата има повеќе од 1.000 соби. А освен вистинска палата во Анкара, имаат и уште најмалку две луксузни резиденции во Турција. Емина пак обожува дизајнерска облека и не се срами да троши баснословни суми на неа.



Во земја во која четвртина од населението живее во сиромаштија, првата дама се фали како пие специјален чај којшто чини околу 1.800 евра по килограм и го пие од златни чаши коишто чинат речиси 300 евра.


А еднаш само за Емина цел трговски центар во Брисел бил затворен за сите, освен за неа. Според некои извештаи, додека го придружувала сопругот во официјалната посета на Варшава, потрошила повеќе од 44.000 евра на еден базар за антиквитети.

Без сомневање е дека се што купила веќе нашло свое место во огромната палата.

Инаку, ѕидовите во палатата се украсени со свилени тапети коишто чинат околу 2.800 евра по ролна, а околу 400 соби имаат двојна врата којашто чинела по 42.000 евра.


Критичарите на Ердоган велат дека зградата е толку екстравагантна што и Садам Хусеин, којшто е познат по својата љубов кон златото и скапоценостите, би поцрвенел.

Некои мислат дури и дека палатата повеќе личи на кинеска железничка станица отколку на било која друга градба од некогашното Османлиско царство.

Градбата позната како Бела палата чинела двојно повеќе отколку што претходно било проценето, а Ердоган изјавил дека таа ја прикажува Турција во своето најдобро светло. За нејзина изградба биле употребени исклучиво само скапи материјали донесени од најразлични светски држави. Ердоган оваа градба ја гледа како еден вид на награда за доброто водење на државата, додека неговите противници сметаат дека таа е симбол на неговата желба за апсолутна моќ.


Белата палата е истовремено и команден и контролен центар од кадешто Ердоган владее. За време на обидот за државен удар, пучистите ја бомбардирале и палатата, но сè уште не е познато колкава штета е притоа направена.


Реџеп Таип Ердоган се наоѓа помеѓу најплатените светски претставници, а богатството го стекнал со вложување во акции и недвижнини. Сопственик е и на неколку ресторани и фудбалски клубови во Анкара, а има и своја – вотка.

Магазинот "People with money" неодамна го стави на првото место на листата помеѓу најплатените политичари проценувајќи ги неговите комбинирани приходи на 58 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг