Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на СЈО за Груевски и Јанакиевски

Точка

10/06/2016

19:49

4.879

Големина на фонт

а а а

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошите на осомничените во предметот наречен ТНТ.

Судијата на претходна постапка го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство за спроведување мерки на претпазливост кон осомничените во процесот “ТНТ” – поранешниот премиер и сегашен претседател на владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, пренесува „Телма“.

„Во рок од 24 часа СЈО има право да поднесе жалба до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје “ се вели во соопштението.

Денеска во судот беше повикан на распит Никола Груевски, кој по распитот изјави дека не чувстува никаква вина и дека сето ова е само за да го оцрнат неговото име и името ан неговите соработници во јавноста.

„Бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата. Не знам дали некој во државава верува во тоа, но се гледа дека СЈО прави чекори кои се нарачани и најверојатно тоа го посакува нивниот нарачател кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови. Веројатно тоа е негова желба, но тоа ниту ќе го сторам, ниту е вистина, ниту ќе му ја исполнам неговата желба.. Свесен е за својот политички рејтинг, свесен е дека изборите наближуваат и преку контролата што ја има врз луѓето во СЈО се обидува да ги изрелативизира рабтоите и да се обиде преку вакви апсурдни покани во судот, и мене и моите соработници да нé прикаже слични као него“, рече Груевски.

За потсетување, СЈО во април оваа година го објави случајот ТНТ за уривањето на објектот „Космос“, кој беше во сопственост на бизнисменот и лидер на политичката партија ПЕИ Фијат Цаноски во 2011 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг