Вечерва повторно има протест на Шарената револуција: „Одбројуваме до слобода”

Точка

10/06/2016

19:34

3.446

Големина на фонт

а а а

По неколкудневна пауза, денеска во 18 часот пред канцелариите на СЈО повторно има протест на Шарената револуција.

Денешниот протест на Шарената револуција, кој започна во 18 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство, ќе биде посветен на стрип – јунакот Пецко во знак на почит кон карикатуристот Дарко Марковиќ, кој по долго боледување почина вчера.


Исто така, демонстрантите сакаат да и` порачаат на актуелната власт дека ги одбројуваат деновите до крајниот рок кој го поставија за исполнување на клучните две од нивните неколку барања.


„Одбројуваме! Уште 8 дена до крајниот рок што го дадовме за исполнување на две од нашите барања!
Денес во 18:00 пред СЈО ќе повториме дека бараме итно:

1. ПРОИЗНЕСУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ СУД ПО УСТАВНОСТА НА СЈО, затоа што правдата и борбата против криминалот се уставни категории и не смеат повеќе да бидат под закана!
2. ЗАПИРАЊЕ НА ПРОГОНОТ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ, што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму, повлекување на пријавите од МВР за сите останати демонстранти и престанок на сите форми на притисок врз слободните граѓан(к)и кои го искажуваат својот револт“, напишаа од граѓанската иницијатива „Протестирам“ на нивната страница на Фејсбук, каде што напоменаа дека ќе ги повторат и нивните останати барања.


Главниот транспарент на денешниот протест гласи: „Груевски на суд, одбројуваме до слобода”.






Фото: Твитер


Спонзорирани линкови

Маркетинг