Добротворен меѓународен базар 2016

Нетпрес

04/06/2016

14:39

1.393

Големина на фонт

а а а

Почесен претседател на базарот е амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет, а главен покровител и годинава е Град Скопје.

На повеќе од 20 штандови, дипломатските претставништва во Македонија и други меѓународни организации промовираа и продаваа производи и сувенири од своите држави, во рамки на естиот добротворен меѓународен базар 2016, кој денеска се одржа во Градскиот трговски центар во Скопје.

Почесен претседател на базарот е амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет, а главен покровител и годинава е Град Скопје.

– Оваа манифестација се одржува по повод 1 Јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето. И годинава „Добредојде Македонија велком центар“ го организираат овој меѓународен базар каде сите собрани средства се наменети за хуманитарни цели. Собраните средства од годинашниот базар ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари, рече Трајановски.

Овој базар, како што рече, покрај хуманитарната димензија, за скопјани претставува одлична можност одблиску да се запознаат со дел од културата на овие држави.

Средствата од базарот лани беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец, а од базарот во 2014 година беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златан Сремец“-Скопје. Во 2013 година парите беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов синдром – Скопје, а во 2012 беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште „Илинден“-Скопје.

На годинашниот базар на штандовите производи презентираа амбасадите од Албанија, Бугарија, Велика Британија, Италија, Иран, Србија, САД, Кина, Словачка, Словенија, Турција, Франција, Црна Гора, Шпанија, Холандија и Катар, а се вклучија и ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), делегацијата на УНИЦЕФ-Скопје и делегацијата на Европската унија.

Добротворниот меѓународен базар се одржува по повод 1 Јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, кој е прогласен за посебен ден на децата од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг