Заев-Хајндл: Кризата да заврши што побрзо и земјата да зачекори кон подобра иднина

Макфакс

13/05/2016

13:12

690

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придужуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, во петокот се сретна со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, со кого разговараа за актуелната политичка состојба во Македонија и длабоката политичка криза, како и за стратешките цели на земјава на патот кон ЕУ и НАТО.

Заев и специјалниот пратеник Хајндл разговараа за модалитетите за свикување на Собранието и одложување на изборите, како и начинот за поништување на одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција, соопштуваат од партијата.

Заев посочи дека СДСМ останува посветена на процесот за враќање на слободата, демократијата и правдата во Македонија.

„Интересот на Македонија и на сите нејзини граѓани е оваа криза што побрзо да заврши и земјата да зачекори кон сигурна и подобра иднина. Во Македонија може и мора да има слободни, фер, демократски и регуларни избори за што е неопходно исполнување на сите услови“, рече Заев.


Спонзорирани линкови

Маркетинг