Ахмети се сретна со Хајндл, се бара начин како Собранието повторно да работи

Макфакс

13/05/2016

12:21

545

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во петокот оствари средба со специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл, со кого разговарале околу политичката криза, Пржинскиот договор и евроатланските процеси.

Според Ахмети, на Хајндл му биле пренесени ставовите на ДУИ за решавањето на политичката криза и за тоа дека партијата смета оти изборите закажани за 5-ти јуни треба да се одложат.

„Сметаме дека не би било добро да се одржат изборите на 5-ти јуни, поради имиџот на нашата земја. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога Собранието повторно ќе работи, ќе се отворат многу други прашања“, изјави лидерот на ДУИ.

Хајндл утрово оствари и средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а попладнево тој ќе ја заокружи посетата на Македонија преку средбата со евроамбасадорот Аиво Орав.


Спонзорирани линкови

Маркетинг