Хајндл на средби со Попоски и амбасадрите на ЕУ и САД

Нетпрес

12/05/2016

15:45

524

Големина на фонт

а а а

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл, кој престојува во дводневна посета на Скопје, попладнево во МНР ќе има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Од Амбасадата на Германија за МИА потврдија дека Хајндл потоа ќе се сретне со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и на САД во Македонија, а доцна поплдне и утре ќе разговара и со претставници на партиите потписнички на договорот од Пржино.

Хајндл неодамна беше именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за специјален пратеник на Берлин кој ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг