Турција бара да се повлече песната која го исмејува Ердоган, Германците одговорија со карикатура и превод на англиски

Точка

30/03/2016

15:47

3.881

Големина на фонт

а а а

Турција врши притисок на Германија, бараат да се отстрани сатиричната песна во која се исмејува турскиот авторитарен претседател Реџеп Таип Ердоган.


Како што пренесуваат западните медиуми, Турција се обидела да изврши притисок на Берлин за да се отстрани сатиричното видео чија што мета е турскиот авторитарен претседател Реџеп Таип Ердоган, снимка која што беше објавена од германскиот канал NDR.

Поради песната "Erdowie, Erdowo, Erdogan" турските власти дури го повикале германскиот амбасадор во Турција, Мартин Ердман на информативен разговор.



Но, уредниците на емисијата "Extra 3" на каналот NDR одбиле да го отстранат сатиричното видео и одлучија дури и да додадат превод на англиски јазик за песната "Erdowie, Erdowo, Erdogan" да ја разберат што е можно повеќе луѓе.

Веднаш потоа на својата страница на Фејсбук објавија и карикатура на Ердоган како држи во рацете апарат за гасење пожар и напишаа: „Или вие изгасете го ова видео, или јас ќе го изгасам интернетот“, алудирајќи на постапките на турските власти кои неретко во Турција го цензурираа интернетот.


Сепак, турските функционери навистина мислат дека можат да извршат притисок за отстранување на ова видео: „Бараме ова видео да биде отстрането“, порачал неименуван висок турски дипломат во разговор за "AFP".

Како што пренесуваат дел од германските медиуми, турските власти се обиделе да ја задушат слободата на говор во Европа, како што знаат да ја задушат „дома“. Како и да е, речиси сигурно е дека Германците нема да го отстранат видеото, а самото тоа што реагираа турските власти на сатирата доволно говори за тоа дека тие едноставно не ја сфаќаат слободата на говорот.