Кенеди одлучил да проговори: Каква Арапска пролет, Асад го рушиме 16 години! Ова е вистинската причина

Точка

27/02/2016

19:50

21.777

Големина на фонт

а а а

Дека примирјето во Сирија ќе биде тешко да се постигне, никој од потписниците во Москва и Вашингтон не се сомневал. Но алтернатива на примирјето единствено е продолжение на насилствата и војната, а во тоа Америка не сака директно да се вовлекува.

А бидејќи силите на Асад се во голема офанзива и на пат кон конечна победа, барем во северозападниот и јужниот дел на земјата, а одбранбените исламистички сили се во хаос, примирјето и политичките преговори се најмногу што во овој момент САД можат да добијат.

Меѓутоа, јасно е дека двете светски велесили сметаат и на можноста за пропаѓање на договорот и "планови Б"во тој случај сигурно постојат. За американскиот јавно зборувал Пентагон, а државниот секретар Џон Кери, не сакајќи да влегува во детали, изјавил дека "планот Б" оди во насока на поделба на Сирија.

За рускиот резервен план засега само се погодува, но веројатно ни тој не е далеку од овој американскиот, барем кога станува збор за внатрешната територијална поделба на Сирија, односно нејзина федерализација.


Всушност, договорот за примирје најмногу може да го уништат двете регионални сили, Турција и Саудиска Арабија, со посредство на вооружени групи кои се на теренот. Така, неколку бригади на таканаречената Слободна сириска војска, која е поддржана од САД, го отфрлиле потпишаниот договор. Како главна причина за отфрлањето ги навеле бомбардирањето на единицата "Џабат ал-Нусреод" од страна на сириската војска и руското воздухопловство.

Токму од оваа констатација се огледува целата сложеност на прашањето за раздвојување на таканаречената умерена сириска опозиција од терористичките групации. Таа изјава и де факто ја потврдува непосредната поврзаност на делови од ССВ со Ал Нусра и нејзината гранка Ахрар аш-Шам, која е поддржана од Саудиска Арабија. Оваа последна формација исто така се огласила со соопштение за отфрлање на примирјето.

"Слободната сириска војска" и покрај бројните настојувања на САД и нејзините регионални сојузници, досега не успеала од аморфни формации да се преобрази во компактна организација со единствена политичка платформа. Неа ја поврзува единствено желбата за рушење на власта на претседателот Башар Ал Асад. ССВ ја сочинуваат 60-тина различни бригади и баталјони, од кои само три немаат никаква врска со "Џабат ал Нусра". Тие соработуваат исклучиво со курдските единици за народна самоодбрана. Сите останати бригади на ССВ или се потчинети на Ал-Нусра или со неа тесно соработуваат.


Асад го рушат поради катарскиот гас за Европа

Иако за подобрите познавачи на светските случувања овој факт не е непознат, би требало со истиот да ја запознаат и пошироката јавност, а затоа добро ќе послужи статијата на внукот на поранешниот американски претседател, правник и публицист, Роберт Кенеди помладиот, во американскиот весник Politio.

"Нашата војна против Башар ал Асад започна не со мирните граѓански демонстрации на "арапската пролет" во 2011. година. Таа започна во 2000. година, кога Катар предложи изградба на гасовод вреден 10 милијарди долари преку Саудиска Арабија, Јордан, Сирија и Турција", пишува Кенеди.

Тој гасовод би им обезбедил на сунитските монархии од Персискиот залив одлучна предност на светскиот пазар за гас и би го зајакнал Катар како близок американски сојузник во регионот. Како што пишува Кенеди понатаму, токму во таа земја биле изградени две американски воени бази и Централната командна база на САД за Блискиот исток.

Во статијата пишува и дека, штитејќи ги руските интереси, сирискиот претседател Асад одбил да потпише согласност за изградба на гасоводот, и се определил за изградба на друг гасовод, кој би одел од Иран во Либан преку ирачка и сириска територија, со што главен извозник на гас за Европа би станал шиитскиот предводник Иран, а не Катар. Тоа било спротивно од интересите на сунитскиот арапски исток, па, веднаш по одбивањето на Асад, разузнавачките служби на САД, Саудиска Арабија и Израел почнале да подготвуваат востание во Сирија со цел рушење на Асад. Почнале да ја финансираат опозицијата, а Кенеди приложил и информации за тајни сметки.

Исто така, пишува Кенеди, ЦИА пратила 6 милиони долари во британска телевизија за изработка на сиже во корист на рушење на Асад. Сето тоа и покрај тоа што сирискиот режим бил многу поумерен од оние од сунитската монархија. Сирија била световна држава, со плуралистичка власт, Асад се залагал за либерализација, а по терористичките напади на 11. септември на ЦИА и ги доставил сите потребни информации, наведува авторот на текстот.


Во 2013. година сунитските монархии, чии енергетски интереси виселе на конец, му предложиле на Вашингтон да ги покријат сите расходи доколку САД го смени сирискиот лидер.

"Всушност, некои од нив изјавија, доколку САД бидат подготвени да ја завршат работата, како што правевме и претходно на други места, тие на себе да ги преземат сите расходи", признал и американскиот државен секретар Џон Кери на сослушувањето во Конгресот. Катар, кој повеќе од сите бил заинтересиран за рушење на Асад, инвестирал во обуката на востаниците 3 милијарди долари, и го повикал Пентагон да ги тренира борците на своја територија.

"Стратезите од американската разузнавачка служба од самиот почеток знаеја како да се служат со рацете на радикалните џихадисти, кои, веројатно, градат за себе нов исламски калифат од сунитските региони во Сирија и Ирак", пишува Роберт Кенеди.

Следејќи ги американските нафтени интереси, ЦИА ги искористувала џихадистите за смена на блискоисточните режими практично од своето основање во 1947. година, вели авторот. Американските власти ги сметале радикалните религиозни сили како перспективен противник на Советското влијание. Веќе од 1957. година САД безуспешно се обиделе да извршат државен удар во Сирија и да ја урнат демократски избраната влада, и не застанале таму. Основањето на "нафтената криминална организација" - ИСИС е резултат на долгата историја на американската вмешаност", наведува американскиот публицист Роберт Кенеди помладиот.


Не станува збор за хир на Путин

По овие зборови тешко дека може нешто да се додаде. Можеби единствено тоа што во дадените околности, на националните интереси на својата земја е верен само рускиот претседал, а постапува и идентично по прашањето за Сирија.

Тука во ниеден случај не станува збор за хир на Путин, политички амбиции, комплекси. Па иако сите тие особини во одредени количини веројатно ги поседува секој политичар и државник, па така и Путин, сите во светот кои треба да го знаат тоа, знаат дека тој не можел да постапи поразлично отколку да му пружи целосна заштита на Асад. Сè друго е само медиумски спин и шпекулации кои одат во правец на психолошко-пропагандни акции, со цел на остварување на геополитички добивки.

Сирија за Русија е единствен пункт од кој таа "го слуша" целото Источно Средоземје, вклучувајќи го и Израел, а да не зборуваме за значењето на нејзината единствена воено-поморска база во пристаништето Тартус, како и вредноста на договорот за испорака на руско оружје до сириското министерство за одбрана. Со активниот влез во Сирија, Русија го враќа изгубеното влијание во целиот арапски свет.

Власта на Асад силно ја задолжила Русија, и таа сега тоа го враќа. Сè спротивно за Москва би значело неможност да ги заштити своите најклучни сојузници и во целост би ја исфрлило од позиција на влијателна држава за решавање на најважни светски прашања.


Спонзорирани линкови

Маркетинг