Германците со ултиматум до Турција: Имате 10 дена...

Точка

27/02/2016

12:03

10.351

Големина на фонт

а а а

Официјален Берлин на властите од Анкара им даде 10 дена да покажат добра волја и „значајно“ да го намалат приливот на бегалци и мигранти кои преку Егејското море пристигнуваат во Грција. Во спротивно, Европа ќе мора да ги затвори границите.

Ултиматумот, кој го постави германскиот министер за внатрешни работи, Томас Де Мезијер, како на Анкара, така се однесува и на Атина - двете престолнини кои не сторија ништо за да го сопрат приливот на бегалците.

Временскиот рок воопшто не е случаен, затоа што за точно 10 дена на самитот на ЕУ и Турција ќе се погледне билансот на „пактот“ кој досега само нудеше разочарувачки бројки.


Германската канцеларка, како што пренесува парискиот весник „Фигаро“, е под голем притисок од внатрешниот рок, со оглед на тоа што на 13-ти март, на нејзината Христијанско-демократска унија ѝ се заканува пораз од екстремната десница на три клучни регионални избори.

„До 7-ми март сакаме да констатираме значително опаѓање на бројот на бегалци на турско-грчката граница“, изјави Томас Де Мезијер кој додаде дека доколку тоа не се случи, Европа ќе превземе дополнителни мерки


Германскиот министер не прицизираше за какви мерки станува збор, туку само најави дека „ќе го видиме тоа кога ќе дојде време“.

Таа порака многумина ја протолкуваа како „катастрофално сценарио“ на Берлин со затворање на границите. Берлин сега драстично сака да го намали приливот на бегалци, иако минатата година отворено ги повикуваше бегалците да дојдат во Германија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг