Трик прашање за мигрантите: Од одговорот зависи дали ќе влезат во Австрија

Точка

26/02/2016

18:22

10.306

Големина на фонт

а а а

Едно „трик“ прашање одлучува кој може како бегалец да влезе во Австрија, тврди виенскиот дневник „Профил“.

На граничниот премин Шпилфелд, преку кој сега се одвива приемот на бегалците кои доаѓаат преку балканската рута, мигрантите се соочуваат со прашање кое одлучува за нивната понатамошна судбина.

Имено, прашањето гласи: „Што сакате во Германија?“, а тоа прашање одлучува за новиот живот на бегалците и ѝ овозможува на полиција да направи разлика измеѓу бегалците и економските мигранти пишува виенскиот дневник „Профил“.


„Ако некој на тоа прашање одговори дека сака подобар живот или наведува одредена работа, тогаш е вратен назад“, пренела за весникот една неименувана волонтерка на границата.

Оној кој сака да го продолжи патувањето во Германија мора да одговори „сакам да одам во Германија за да побарам меѓународна заштита“.

„Трик“ прашањето го критикувал адвокатот и експертот за меѓународно право, Роналд Фривирт.


Тој рекол дека таквите прашања се двосмислени, бидејќи ако некој каже дека сака да работи во Германија, тоа не значи дека не сака да побара азил.

До почетокот на годината во Австрија се поднесени веќе 11.000 барања за азил.

Австрија од минатата недела вовела дневни квоти според кои прима само 80 барања за азил и пропушта само 3.200 бегалци кои сакаат да го продолжат патувањето во Германија или во некоја друга западна земја.


Спонзорирани линкови

Маркетинг