ОМД: Последната одлука на Уставниот суд е голем чекор назад за државата и народот

Макфакс

25/02/2016

09:59

647

Големина на фонт

а а а

Прифаќањето на иницијативата на Уставниот суд за можноста за помилување по основ на низа различни сторени кривични дела вклучувајќи и изборни нерегуларности е голем чекор назад за државата и македонскиот народ, порачуваат од ОМД.

„Според Уставот на Република Македонија, сите се еднакви пред законот и тоа е основен услов за праведно и демократско општество. Со усвојување на измена на закон да може да се помилуваат и специфични категории на осуденици по кривични дела кои длабоко навлегуваат во моралот, етиката и општото добро на една нација, всушност се навлегува и загрозува иднината на генерациите што доаѓаат и фактот каква нација создаваме“, велат од ОМД.

ОМД се надева дека Претседателот на Република Македонија, кој по професија е професор по Уставно право, нема да го искористи ова право, и сите лица кои потфрлиле пред законот на Република Македонија, низ транспарентно и независно судство, согласно презентираните соодветни правни докази ќе одговараат за своите дела и постапки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг