Сириски бегалци и на албанската граница

Макфакс

25/02/2016

09:56

802

Големина на фонт

а а а

Албанските власти јавија дека албанските погранични патроли се засилени на границата кон Грција, бидејќи имаат информации дека сириски бегалци се приближуваат кон границата со Албанија.

Албанските медиуми нагласуваат во своите извештаи дека албанските министерства за одбрана и за внатрешни работи веќе ја засилуваат границата со цел да извршат контроли, ако евентуално Сиријците сакаат да влезат во Албанија. Најмногу претставници на албанската полиција има на граничниот премин Капиштица кон Грција.

Албанската влада на неколку пати последните две недели имаше средби со претставници на ЕУ и САД за нејзина подготвеност ако бегалците од Сирија побараат да влезат во Албанија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг