ДС: Уставниот суд легализира изборен фалсификат

Макфакс

24/02/2016

19:04

1.347

Големина на фонт

а а а

Уставниот суд, со денешната одлука, создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж, сметаат од Демократскиот сојуз(ДС).

„Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда“, порача Павле Трајанов, претседател на ДС.

Според него, одлуката на Уставниот суд е политички мотивирана, спротивна на Уставот и претставува класична злоупотреба на функцијата судија.

„Судот наместо да ја цени уставноста на законите и да ги штити основните права на граѓаните, на голема врата отвора можности за помилување на извршители на тешки кривични дела без водење на судска постапка. Демократскиот сојуз ја повикува експертската јавност, со силата на правни аргументи да се спротивстави на оваа апсурдна и правно неиздржана одлука“, рече Трајанов.


Спонзорирани линкови

Маркетинг