Секоја трета германска компанија сака да вработи бегалци

Нетпрес

24/02/2016

14:45

731

Големина на фонт

а а а

Најмалку 30 проценти од директорите на компаниите во Германија планираат да вработат бегалци во текот на оваа и идната година.

Според истражувањето спроведено од страна на Меѓународниот еконоски институт (ИФО) од Минхен, околу една третина од компаниите ќе бараат работници меѓу бегалците во наредните две години.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, интернет изданието на весникот „Шпигел“ пренесува дека бројот на работодавци кои сакаат да вработат баратели на азил во последниве две години се зголемил за седум проценти.

Црната кампања против имигрантите што се води од дел од политичките фактори и јавноста не го спречува растечкиот тренд бегалците да бидат посакувани работници во германските компании.

Една од причините за нивно ангажирање е и пониската цена која што можат да ја постигнат на пазарот на трудот пред се поради непознавање на германскиот јазик.

Германија има најмала стапка на невработеност во целата ЕУ со само околу 4,5 отсто граѓани кои активно бараат работа со полно работно време.


Спонзорирани линкови

Маркетинг