Уставен одлучи претседателот да може да помилува осудени за изборни нерегуларности

Макфакс

24/02/2016

14:43

2.806

Големина на фонт

а а а

Уставниот суд дозволи промена на Законот за помилување, со која повторно му се дава право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Петмина уставни судии гласаа „за“, а четири „против“, по иницијативата која во судот беше доставена во вторникот. Иницијативата ја поддржаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски.


Законот во 2009-та година го потпиша поранешниот претседател Бранко Црвенковски, и во него се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Сега, со изгласаната одлука на Уставниот суд, претседателот повторно ќе може да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.


Инаку, ова барање дојде откако Специјалното обвинителство го отвори предметот „Титаник“ со кој се истражуваат изборни нерегуларности во кои се вмешани актуелни и поранешни функционери.


Спонзорирани линкови

Маркетинг