БиХ подготвуваат објекти за најмногу две илјади бегалци

Макфакс

23/02/2016

18:19

956

Големина на фонт

а а а

Властите Босна и Херцеговина подготвуваат објекти во кои би можеле да сместат бегалци доколку имигрантскиот бран преку ткн балканска рута кршен и кон ова земја, но логистичките и организациски капацитети на оваа земја крајно се ограничени, па може да згрижи до две илјади лица, објавија во вторникот бањалучки Независне новине.

Повикувајќи се на неименувани извори од Министерството за одбрана на БиХ, весникот наведува дека за сместување на бегалците планираат објекти во касарните во Бугојно, Семизоавац, Сараево, Бања Лука и Калиновик.

Станува збор за касарни коишто со години не се користат, а процените се дека со минимално прилагодување на постојните згради во нив би можело да се сместат околу 1.300 бегалци. Околу 500 до 700 привремено засолниште би можело да биде под шатори.

Министерството за одбрана, односно војската на БиХ, на цивилните власти би им ја понудила својата логистичка поддршка за сместување и грижа за бегалците, доколку тоа би било неопходно.

Германскиот амбасадор во БиХ, Кристијан Хелбах, минатата седмица предупреди дека не е исклучено дека земјата ќе стане дел од нова бегалска рута, имајќи ги предвид сé поголемите рестрикции кои за нивното минување ги воведуваат другите земји на таканаречената Балканска рута следејќи ги мерките коишто ги наметнува Австрија. Од почетокот на европската мигрантска криза БиХ се соочи само со неколкумина лица кои се обиделе да влезат во оваа земја во намерата да го продолжат патот кон западна Европа.

Процената е сепак дека е можно дел од бегалците коишто ќе пристигнат во Србија ќе се обидат да го продолжат патот кон Западот преминувајќи ја границата на БиХ на делот кој гравитира кон Требиње, на југот, и кон Билељина, на северот од земјата.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претходно изјави дека властите на овој ентитет нема и не сакаат да примат бегалци, нема да дозволат тие да бидат разместени на територијата на овој ентитет. „РС нема капацитети да сервисира мигратните ниту за еден ден“, изјави Додик коментирајќи ги најавите за можно прелевање на мигрантксиот бран на територијата на БиХ. Додаде дека не ги прифатил финансиска поддршка од Европската унија за помош на имигрантите, бидејќи таа помош „брзо ја снемува, а проблемот останува“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг