Напнатоста на балканската рута се зголемува: Хаосот на македонската граница е сè поголем

Точка

23/02/2016

13:34

5.019

Големина на фонт

а а а

Македонија не ги пропушта Авганистанците, а тие имаат сè помалку трпение. Велат дека ќе ја прејдат границата или ќе умрат, а во својата земја не сакаат да се вратат.

Не постои начин за да се вратат во Авганистан бидејќи сите Авганистанци се лесна мета за талибанците, порачуваат тие. Во кампот за 1.000 лица веќе има двојно повеќе луѓе.


На балканската бегалска рута состојбата е сè повеќе напната. Австрија испраќа сè повеќе војници на границата со Словенија, а и Унгарија – којашто подигна жичана ограда е повторно на метата на мигрантите. Германија пак ја критизира австриската одлука за на ден да пропушта по 3.200 бегалци, јавува HRT.

А илјадниците мигранти на македонско-грчката граница имаат сè помалку трпение, додека контролите се сè построги. Полицијата ги задржува сè потешко, а со тоа што не се пропуштаат Авганистанците, се спречуваат и Иричаните и Сиријците да ја прејдат границата.

Во Србија мигрантите отсега може да влезат исклучиво со потврда со печат и фотографија којашто се добива на македонско-грчката граница, а во Прешево стигнале повеќе од 800, а 350 мигранти коишто Хрватска ги врати во Србија се веќе префрлени на македонска граница.


На сè построгите контроли на балканската рута ниту ладното време и опасната пловидба преку Егејското море не успеваат да го спречат бегалскиот бран. Повеќе од 2.500 мигранти пристигнале во последните 24 часа до грчкиот остров Лезбос. Доаѓаат и Африканци. Речиси и да нема ден кога италијанската крајбрежна стража нема да спаси десетина мигранти. Само во текот на викендот кај Сицилија се спасени 599 мигранти.

Грчките власти мигрантите започнале да ги враќаат назад со автобуси за Атина, кадешто привремено се сместуваат во бегалски кампови. Мигрантите синоќа недозволено се задржувале на железничката пруга во местото Идомени, после што претходно се обиделе да се пробијат преку македонската граница. Десетина очајни мигранти ги ризикувале своите животи обидувајќи се да ја прескокнат бодликавата жица поставена од полицијата.


Се проценува дека во Идомени се наоѓаат 1.200 луѓе, главно Авганистанци или државјани на други земји кои не поседуваат одговарачки патни документи. Македонија одбива да ги прими Авганистанците, а официјална Атина го осудува таквиот чекор поради кој околу 8.000 мигранти останале заглавени во Грција, од што дури три илјади во Атина и околу пристаништето Пиреј.

Од друга страна пак, Македонија вината ја префрла на Србија, потенцирајќи дека Србија го направила истото на својата јужна граница.

Вчера во Идомени се направила дополнителна гужва кога македонските власти на границата започнале да бараат дополнителни патни документи, вклучувајќи пасоши, за луѓето да може да влезат на нивна територија.


Некои од земјите на рутата по којашто бегалците патуваат кон богатите северноевропски земји започнале да ги заоструваат прописите за нивно преминување преку своите територии, што предизвикува домино ефект во земјите долж рутата.

Со тоа, постои голема загриженост што би можело да се случи во Грција, каде не стивнува приливот на бегалци преку морски пат од Турција. Само утрово во Атина се префрлени околу 1.250 мигранти од три грчки острови.


Сето ова започнало од одлуката на Австрија да го ограничи приливот на бегалци, со оглед на тоа дека во оваа земја сега дневно може да влезат само 80 бегалци! Таквата одлука предизвика домино ефект којшто е проширен сè до Грција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг