Турскиот ултра-националист Алпарслан Челик, кој го убил рускиот пилот Олег Пешков, чиј "Sukhoi" турската војска го соборила минатиот ноември, се наоѓа на мета на специјалните единици кои наводно самиот Владимир Путин ги пратил во Сирија.
Челик побегнал во Латакија, каде во еден дел сè уште се наоѓаат бунтовнички сили кои се борат против претседателот на Сирија Башар Ал Асад, и руската војска.
По соборувањето на рускиот авион над турско-сириската граница, војската на Сирија со помош на руските воздушни удари извела жестоки напади на бунтовничкити положби во таа област, со оглед на тоа дека токму бунтовниците кои се лојални на Турција, ја преземале одговорноста за убиството на рускиот пилот.

Руските медиуми пренесуваат дека Челик е државјанин на Турција, а не Туркмен, како што претходно се мислело. Челик се бори во редовите на туркменските бунтовници, но всушност е Турчин, истакнуваат руските медиуми, додавајќи дека "многу веројатно се крие во градот Раби".
Челик се појавил во видео снимката во која му се заканува на руското министерство за одбрана, велејќи дека од "Москва ќе остане само чад и пепел", и дека "Путин ќе мора да фрли уште многу бомби" за да го убие.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја предупредил Русија да не ги напаѓа "неговите туркменски браќа" во регионот. Судејќи по ловот на Челик и офанзивата на положбите на бунтовниците, Путин не обрнува многу внимание на тие предупредувања.