Комисијата составена од членови на Кабинетот на Претседателот согласно прецизно воспоставените критериуми, внимателно ги селектираше македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и се амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и глобално ниво за што го добиваат признанието за 2015-та година.
ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг е компанија што се занимава со деловен менаџмент консалтинг во областа на имплементација на меѓународните стандарди за квалитет, како и оперативен и финансиски менаџмент консалтинг за своите клиенти.
“Се заблагодарувам на кабинетот на претседателот на РМ и на Сојузот на стопански комори за укажаната доверба. Следната 2016 година за нас е јубилејна, прославуваме десет години од своето постоење, така да ова признание ќе не мотивира да го оправдаме квалитетот во своето работење“ – истакна Евросимовски.
Со своето реномирано портфолио на консултантски услуги ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг успешно делува во својата област на домашниот и меѓународниот пазар од 2006-та година. Признанието за Македонски Квалитет претставува уште една потврда за низата успеси на компанијата
За повеќе информации за услугите кои ги нуди ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг посетете ја веб страната
www.evrosimovski.mk.