Евросимовски Консалтинг добитник на признанието за Македонски квалитет 2015

Точка

17/12/2015

11:10

2.031

Големина на фонт

а а а

Сојузот на стопански комори (ССК), под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Р. Македонија додели признание „Македонски квалитет 2015“ на ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг, како единствена компанија добитник на ваков тип на признание, во делот на деловни и менаџмент консултантски услуги.

Комисијата составена од членови на Кабинетот на Претседателот согласно прецизно воспоставените критериуми, внимателно ги селектираше македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и се амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и глобално ниво за што го добиваат признанието за 2015-та година.


ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг е компанија што се занимава со деловен менаџмент консалтинг во областа на имплементација на меѓународните стандарди за квалитет, како и оперативен и финансиски менаџмент консалтинг за своите клиенти.

“Се заблагодарувам на кабинетот на претседателот на РМ и на Сојузот на стопански комори за укажаната доверба. Следната 2016 година за нас е јубилејна, прославуваме десет години од своето постоење, така да ова признание ќе не мотивира да го оправдаме квалитетот во своето работење“ – истакна Евросимовски.


Со своето реномирано портфолио на консултантски услуги ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг успешно делува во својата област на домашниот и меѓународниот пазар од 2006-та година. Признанието за Македонски Квалитет претставува уште една потврда за низата успеси на компанијата


За повеќе информации за услугите кои ги нуди ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг посетете ја веб страната www.evrosimovski.mk.


Спонзорирани линкови

Маркетинг