Фелисијано на најоригинален начин ја опиша неверојатната сезона на Ѓоковиќ

Дерби

23/11/2015

13:53

2.501

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ ја комплетираше својата неверојатна и најдобра сезона во својата кариера победувајќи го Рожер Федерер во големото финале на Мастерс купот во Лондон, па иако во изминативе 10-тина часа српскиот тенисер доби големи пофалби од сите светски медиуми за тоа што го направи во изминативе 11 месеци, најоригиналната порака и најоригиналниот твит го објави Фелисијано Лопез.

Шпанскиот тенисер потенцираше дека никој нема да повтори ваква сезона во историјата на тенисот, но истовремено со емотикони ги опиша сите 11 трофеи кои ги освои Новак оваа натпреварувачка сезона.

– Нема да има играч кој во иднина ќе успее да постигне вакво нешто. Апсолутно брутално – три грен слема, шест Мастерс турнири, 1 Мастерс куп и 1 Мастерс од серијата 500, – гласи твитот на 17-от тенисер на АТП листата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг