Влажен бран ќе ја зафати Македонија, во среда пообилни врнежи од дожд

Макфакс

23/11/2015

13:49

952

Големина на фонт

а а а

Во наредните денови земјата ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини со повремен снег.

Во вторник ќе има пообилни врнежи во северозападниот дел на земјава, а в среда на повеќе места, кога се очекува да наврнат и над 40 л/м2 воден талог.

Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и кон крајот на работната недела ќе се движат од 6 до 13 степени

Стабилизирање на времето се очекува за време на викендот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг