Ѓоковиќ триумфално ја заврши најдобрата сезона во неговата кариера

Точка

23/11/2015

09:10

2.829

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ сосема очекувано го освои завршниот АТП Мастерс турнир кој се одржуваше во Лондон.

Последниот меч од сезоната донесе пресметка која што сите ја очекуваа, посебно откако Федерер пред неколку дена го совлада Ѓоковиќ во дуелите во групите. Но, синоќа српскиот тенисер го доби далеку поважниот дуел кој му донесе титула и покажа дека сепак тој моментално е најдобриот тенисер на светот.


Ѓоковиќ уште на самиот старт од мечот имаше прилика да освои брејк, но тоа го стори во третиот гем, а предноста не ја испушти до крајот на првиот сет. Швајцарецот не можеше да ја пронајде вистинската форма и изгледаше како со многу поголем товар да го игра мечот. Сепак, во вториот сет успеа да фати ритам.

И двајцата тенисери играа многу претпазливо и не дозволуваа да се дојде до брејк. Ѓоковиќ во осмиот гем имаше три брејк топки, но Федерер успеа да го издржи притисокот. Сепак, Ѓоковиќ дојде до две брејк топки, ја искористи втората и со голем триумф од 2:0 (6:3 и 6:4) ја заокружи сезоната.

Со оваа победа српскиот тенисер се израмни во меѓусебните дуели со Федерер - и двајцата имаат по 22 победи во нивните 44 меѓусебни дуели.


Спонзорирани линкови

Маркетинг