Град на духови: Центарот на Брисел како воена зона

Точка

23/11/2015

10:30

4.315

Големина на фонт

а а а

Во текот на речиси целиот вчерашен ден белгиските безбедносни сили вршеа против-терористички акции во центарот на Брисел.

Се „бркаат“ терористи за кои постои сомнеж дека ќе извршат слични напади како во Париз, сообраќајот е стопиран, затворено е метрото, затворени се трговските центри, училиштата, а луѓето ги евакуира војската.


Како што синоќа пренесе "Russia Today", во Брисел се одвива уште една драматична акција. После двете лажни дојави за бомби во ТВ станица и на железничката станица, се појавиле гласини дека можно е терористички напад да биде извршен во хотел.



Метрото во Брисел е затворено, а денес не работат ниту училиштата. Откажани се сите спортски натпревари и активности на јавни места. Белгискиот весник „Дернијер“ тврди дека „белгиските полицајци се во потрага по две лица кои со себе носат експлозив, бомби какви што активирале исламистите во Париз минатиот петок“.

Во меѓувреме безбедносните сили вршат проверка и на други локации во градот со оглед на фотографиите кои што се појавуваат на социјалните мрежи. Фотографиите продолжуваат да се објавуваат, иако белгиските власти ги замолија граѓаните да не ги шират тие информации кои можат да им бидат од корист на терористите.


Дигнато е во воздух едно возило

Во Брисел нивото на безбедност е подигнато на „непосредна закана“, но проблем со терористички закани има и во другите градови. Припадници на белгиската полиција дигнале во воздух сомнително возило кое било два дена било паркирано пред црква во центарот на градот Вилворд.


„Војниците пристигнаа на самото место и изведоа контролирана експлозија, но не можеме со сигурност да кажеме дека во возилото имало експлозив“, изјави воениот портпарол за „РИА Новости“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг