Нема приближување во ставовите на Москва и Вашингтон: "Русија не може со бомби да наметнува мир во Сирија"

Точка

17/10/2015

14:58

3.515

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Барак Обама вчера ја предупредил Русија дека мирно решение на конфликтот во Сирија не може да се постигне со "бомби" и оценил дека руската поддршка за сирискиот претседател Башар ал Асад е "осудена на неуспех".

Преговорите меѓу Русија и САД за избегнување на инциденти на сириското небо при одвоените воздушни напади засега се неуспешни.

Извори блиски до Пентагон соопштиле пред два дена дека договор по тоа прашање би можел да биде постигнат во наредните денови. Русија од 30. септември ги бомбардира положбите на ИСИС во Сирија, како и меѓународната коалиција предводена од САД, која ги напаѓа истите цели повеќе од една година.


Меѓутоа, Обама рекол дека нема "никакви приближувања во ставовите" за стратегијата во Сирија меѓу Вашингтон и Москва.

"Со бомби не се постигнува мирно решение на конфликтот во Сирија", рекол Обама на конференцијата за новинари во Белата куќа, додека Русија последниве денови ги интензивира воздушните напади во Сирија.


Неименуван американски службеник денес изјавил дека околу 2.000 ирански борци се наоѓаат кај Алепо, и дека со поддршка на Русија и сириската војска се борат со група сириски бунтовници, кои се поддржани од САД.

Повеќе од 250.000 луѓе загинале во граѓанската војна во Сирија од 2011. година, соопштила денес сириската опозициона Опсерваторија за човекови права.



Спонзорирани линкови

Маркетинг