Повеќе од 250 илјади луѓе досега загинале во Сирија

Нетпрес

17/10/2015

11:41

892

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 250.000 луѓе загинале во граѓанската војна во Сирија која почна во 2011 година, соопшти сириската опозициска Органзиација за човекови права.

Тие наведуваат дека во државата загинале 250.124 луѓе од кои 74.426 цивили меѓу кои 12.517 деца и 8.000 жени.

Во таа војна загинале 43.752 бунтовници како и 37.010 странски борци кои биле дел од џихадистички групи.

Кај сирискиот режим има 91.678 жртви меѓу кои 52.077 војници и 970 членови на либански Хезболах кои се борат на страната на претседателот Башар Асад.

За повеќе од 3.000 загинати се уште не се знае идентитетот. Граѓанската војна во Сирија почна во март 2011 година како народен бунт, но подоцна во него се вклучија режимски и бунтовнички сили како и Курди и џихадисти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг