Путин: Околу 7.000 борци од поранешните советски држави се борат на страната на ИД

Нетпрес

16/10/2015

11:25

1.312

Големина на фонт

а а а

Во Сирија има околу 7.000 странски терористи кои пристигнале од Русија и од поранешните советски држави со цел да им се придружат на џихадистите од Исламска Држава – ИД. Изјави претседателот на Русија Владимир Путин, пред претседателите на тие држави во Казахстан.

Се проценува дека има околу 5.000 до 7.000 борци од Русија и поранешните советски републики кои се борат за ИД. Ние со сигурност неможеме да им дозволиме да го искористат искуството што го стекнуваат во Сирија на домашно тло, изјави Путин, пренесува „Раша тудеј“.

Путин имаше свое обраќање пред лидерите на ЦИС, регионалната унија составена од десетина поранешни советски републики. Тој изнесе детали од руската кампања во Сирија која е насочена кон џихадистите и изнесе уверување дека е направен значаен напредок во борбата со ИД.

Преку воздушните напади врз цели во координација со Сиријците, нашите трупи постигнаа значајни резултати. Десетици командни центри и депоа, стотици терористи и голем број на воена опрема се уништени, рече Путин.

Претседателот уште еднаш напомена дека кампањата во Сирија има одредена временска рамка и дека нема да трае подолго од офанзивната операција на сириската армија, која добива поддршка од воздух од Русија.

Тој додаде дека Русија и понатаму се залага за создавање на „голема коалиција за борба против екстремистите и терористите во целост и соработува со поголемите регионални и меѓународни партнери“ како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Јордан и Израел.

Путин, покрај ова нагласи дека Русија во Сирија дејствува во согласност со меѓународното право.

Операцијата на руските воздухопловни сили поддржана од бродовите на Касписката флота се во целосна согласност со меѓународното право и апсолутно легитимни, затоа што ги спроведуваме на барање на сирискиот претседател Асад, рече Путин.


Спонзорирани линкови

Маркетинг