Американски и Руски авион имале блиска средба над Сирија

Точка

14/10/2015

13:44

3.178

Големина на фонт

а а а

Блиска средба на американски и руски воен авион на небото над Сирија - двајцата пилоти се однесувале максимално професионално.

Американскиот и рускиот авион се приближиле до точка на визуелна идентификација на небото над Сирија, потврдија вчера од американската армија истакнувајќи дека овој инцидент уште еднаш потврдува дека постои потреба за воздушни безбедносни протоколи со цел да се спречи било каков конфликт на небото.


Информацијата за блиската средба на двата борбени авиони ја потврди портпаролот на американската армија, полковник Стив Ворен. Тој, меѓу другото истакна дека двајцата пилоти се однесувале максимално професионално.

Да потсетиме, Соединетите Американски Држави заедно со своите коалициски партнери повеќе од една година учествуваат во воздушните напади против Исламската држава, додека Руските воени сили се приклучија пред околу две седмици.


Откако Русите започнаа со воздушни напади на позициите на терористичките милитанти на територијата на Сирија, од двете страни се нагласува потребата за обострана комуникација со цел да бидат избегнати потенцијални опасни инциденти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг