"Нафтеното танго" на Путин: Аналитичарите вака ја опишуваат интервенцијата на Русија во Сирија

Точка

12/10/2015

18:00

8.828

Големина на фонт

а а а

Покрај ударите на исламистите, рускиот лидер Владимир Путин во Сирија игра "нафтено танго", со намера да спречи понатамошно посредување во цената на "црното злато" и Русија да преземе уште позначајна улога во неговата дистрибуција - наведуваат аналитички портали.

Цената на нафтата до крајност е соборена од разни шпекулации, зад кои стојат политички игри за кои Русија верува дека се направени за нејзината економија да биде фрлена на колена.

На територијата која моментално ја држат терористите на ИСИС, се наоѓаат важни нафтени наоѓалишта кои можат да овозможат дистрибуција на евтина нафта од тие подрачја за руските сојузници во регионот.


Од цената на нафтата зависи и економското заздравување на Русија, што е примарен интерес на Путин.

Колку повеќе ја зацврсти својата улога на Блискиот исток, толку повеќе контрола ќе има над тоа што се случува на пазарот на нафта - наведуваат порталите, пренесува Blic.rs.


Експертите проценуваат дека, со Иран и Ирак како сојузници, Путин може да ѝ се наметне на Европа ако единствена опција за снабдување со нафта и гас.

Путин сака да ја засили својата улога на меѓународната политичка сцена и поради тоа нема да се откаже од својата позиција.


Покрај тоа, во Сирија е сместена единствената руска поморска база на Блискиот исток.

Русија му помага Асад и се подготвува долго да остане во Сирија, проценуваат аналитичките портали.


Спонзорирани линкови

Маркетинг