Браната која ќе ја спаси Венеција: Италија вложува вртоглави 7 милијарди евра

Точка

24/08/2015

13:10

5.587

Големина на фонт

а а а

Иако Италија е во голема финансиска криза, сепак обезбедени се финансиите за големиот проект "MOSE" кој би требало да ја спаси Венеција од надоаѓањето на морето. Се очекува проектот вреден 7 милијарди евра да се финализира во 2017-та година.

Овој „мега-проект“ е започнат уште во 2003-та година за време на првата Влада на Силвио Берлускони, а сегашниот премиер Матео Ренци не се осудува ниту да помисли дали оваа идеја воопшто ќе успее затоа што е вложена огромна сума на пари.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Ренци што поскоро сака да се увери дали системот од поврзани брани ќе успее, па многумина веќе го нарекуваат „Спасителот на Венеција“.

Што е "MOSE"? Наједноставно појаснето проектот "MOSE" (Modulo Sperimentale Elettromeccanico, или Експериментален електромеханички модул) е систем кој се состои од низа на мобилни брани кои се способни да ја изолираат венецијанскиот залив од Јадранското море кога плимата ќе го надмине утврденото ниво од 110 сантиметри, па сè до максималните три метри.


Заедно со останатите мерки, како што се зајакнување на бреговите, покачување на брегот и слично, овие бариери ќе ја чуваат Венеција од лошото, погубително влијание на плимата и морфолошкото пропаѓање. Браните кои се градат во 76 бродоградилишта ќе бидат наполнети со воздух, односно со вода.

Кога нивото на морето ќе биде нормално, браните ќе лежат на бетонска подлога на дното на заливот и преку посебни отвори ќе бидат исполнети со вода. Меѓутоа, доколку нивото на морето се подигне за еден метар или повеќе, браните ќе бидат наполнети со воздух, по што ќе се подигнат и ќе го блокираат влезот на водата во заливот.


Проблемот со потопувањето на Венеција е познат веќе подолго време. Секоја година водата ги поплавува каналите и легендарните „улични лавиринти“, а со тоа се уништуваат архитектонските бисери како Плоштадот Свети Марко.

Со загрозената архитектура и големиот број на млади кои што се селат на копно, Венеција полека „умира“. Поради тоа, премиерот Ренци и Италија се во трка со времето. Ренци, свесен дека проектот доцни многу години, сега сите карти ги фрли на проектот "MOSE" кој според првичните проценки ќе биде завршен за две години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг