Драма пред камерата на Сител: Мајката на загинатото девојче префрлена во болница

Mkd-News

05/08/2015

10:39

12.537

Големина на фонт

а а а

Пред камерите на Сител вчера попладнето во Шипковица, се одвиваше вистинска драма кога мајката на загинатото девојче на раце беше префрлена во најблиското возило за да и пружат медицинска помош во тетовската болница.

Како што изјавија жителите, вчера беше погребано 14-годишното девојче кое завчера загина во поплавите и лизгањето на земјиштето во Шипковица.

На мајката, потресена од ненадејната загуба на детето, попладнето и се слошило и таа во тешка состојба е префрлена во тетовската болница.

Телевизијата во последните вести јави дека состојбата на жената е подобрена и таа е префрлена на домашно лекување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг