Пред камерите на Сител вчера попладнето во Шипковица, се одвиваше вистинска драма кога мајката на загинатото девојче на раце беше префрлена во најблиското возило за да и пружат медицинска помош во тетовската болница.
Како што изјавија жителите, вчера беше погребано 14-годишното девојче кое завчера загина во поплавите и лизгањето на земјиштето во Шипковица.
На мајката, потресена од ненадејната загуба на детето, попладнето и се слошило и таа во тешка состојба е префрлена во тетовската болница.
Телевизијата во последните вести јави дека состојбата на жената е подобрена и таа е префрлена на домашно лекување.